СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-1 PDF Печати
Вести
11_oktomvri-1

ПРИЕМ  КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ

10.10.2011

Градоначалникот на општината  Демир Хисар, Тони Ангелевски денеска беше домаќин и покровител на чествувањето по повод  11 октомври, Денот на  востанието на македонскиот народ.

За претставницте на Општинскиот одбор на сојузот на борците, резервните воени старешини, наставници и ученици од основните и средното општинско училиште, беше организиран прием во кабинетот на градоначалникот.

-          По повод 11 октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ, во мое лично име и во името на граѓаните на општината Демир Хисар, Ви упатувам искрени честитки со желба, нашата Татковина, Република Македонија да се развива на сите општествени подрачја – рече, покрај другото, во своето пригодно обраќање градоначалникот Ангелевски.

Во името на борците и поддржувачите и продолжувачите на традициите од НОБ, говореше и евоцираше спомени Димитар Павлевски од Жван, учесник во НОБ.

На најдобрите ученици, учесници на наградниот конкурс за најдобра литературна творба, градоначалникот Ангелевски и Димитар Павлевски им доделија пригодни награди.

11_oktomvri-211_oktomvri-311_oktomvri-411_oktomvri-511_oktomvri-611_oktomvri-7


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер