НАСТАН ВО НАЈАВА Печати
Вести
osnovacite-na-vmoro-

ЦВЕЌЕ ЗА РЕВОЛУЦИОНЕРИТЕ НА ДЕНОТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА


По повод 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, висока и бројна општинска делегација предводена од градоначалникот Ангелевски, в недела ќе го посети селото Смилево, родното место на Даме Груев и местото каде што се одржа Смилевскиот конгрес.

На Спомен костурницата на Даме Груев и Споменикот на смилевските Илинденци што се наоѓаат на смилевското средсело, градоначалникот Тони Ангелевски, претседателот на Советот Љупчо Ангелевски и местната заедница Смилево, ќе положат свежо цвеќе. Исто така, делегации на училиштата, јавните претпријатија и установи, како и здруженија на граѓани и политички партии, ќе положат цвеќе на овие споменични обележја.

            На чествувањето се очекува да се приклучи и Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев од Битола.

            Македонија годинава по петти пат го празнува 23 Октомври како државен празник. На овој ден во 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој што подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуционерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско – Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

            Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава.