23 ОКТОМВРИ, ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА- Печати
Вести
Smilevo-23.10.11-1

23.10.2011

ЦВЕЌЕ И ПОКЛОНЕНИЕ ВО СМИЛЕВО


Официјални делегации на општината, училиштата, јавните претпријатија и установи, денеска се поклонија и положија свежо цвеќе на гробот на Даме Груев и Споменикот на смилевските илинденци во Смилево.

Одбележувајќи ја 118 годишнината од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), односно 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во името на граѓаните на општината Демир Хисар  и жителите на селото Смилево цвеќе положија  градоначалникот Тони Ангелевски и претседателот на местната заедница Боро Тодоровски, како и заедничка делегација на општинските основни и средното училиште, заедничка делегација на градинката, комуналното и Домот на културата, Психијатриската болница и Полициската станица. Исто така, цвеќе положи и делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Демир Хисар.

Smilevo-23.10.11-2

Smilevo-23.10.11-3

Smilevo-23.10.11-4

Smilevo-23.10.11-6