Јавни претпријатија и установи
„ДЕН ЗА НОВИНАРИТЕ“ |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() 28.10.2011 НОВИНАРИТЕ НА ГОСТИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ Дваесет битолски новинари и сниматели од околу 15-тина национални, регионални и локални медиуми, цел ден беа гости на градоначалникот на општината Демир Хисар, Тони Ангелевски. Еднодневната посета и престој во Демир Хисар беше реализирана во рамките на манифестацијата „Ден за новинарите“ – според идејата, концепцијата, постигнатата цел и организацијата, засега единствено неформално дружење на локалната власт и новинарите. На приемот што во чест на новинарите го изврши градоначалникот Ангелевски, уште еднаш беше потенцирано, дека односите со медиумите за локалната самоуправа се многу значаен демократски фактор за напредокот на општината. - Ние постојано и посветено се залагаме за воспоставување на најтранспарентен пристап и однос кон новинарите. Денешниот „Ден за новинарите“ е најдобар показ за тоа колку изминатиов период сме успеале да воспоставиме максимално коректни релации со медиумите и со колкава исклучителност ја цениме нивната професија – рече покрај другото градоначалникот Ангелевски. Во името на новинарите, говореше регионалниот координатор на Здружението на новинарите, Жанета Здравковска која, покрај другото, на градоначалникот му честиташе за оригиналноста на идејата и се заблагодари за срдечниот прием. Бројната новинарска екипа, најпрвин го посети легендарното Смилево, се поклони и положи свежо цвеќе на гробот на Даме Груев и споменикот на смилевските Илинденци, а потоа го посети и спомен музејот „Смилево“. Околу пладне новинарите ги посетија најпознатите локални духовни светилишта, манастирите Св. Јован Крстител кај с. Слепче и Св. Атанасиј Александријски кај с. Журче. При тоа имаа средба со отец Серафим, старешина на манастирите, и сестра Атанасија, настојателка на манастирот кај Журче кои ги информираа новинарите за историјата и духовните вредности на овие споменици на културата. „Да се биде во Демир Хисар, а при тоа да не се посети и да не се види неповторливата убавина на Црна Река и селото Железнец, е ненадоместлива штета“ – прокоментира некој од новинарите при дилемата, дали да се изоди и оваа километража. Така и беше. Мнозинството одлучи да се посетат и овие природни атракции каде што природата направила вистински ремек – дела. Се сликаа покрај изворите, ја сликаа афтентичната селска архитектура на Железнец и разговараа со селаните. Кон крајот на денот, новинарите го посетија и селото Бабино каде што во куќата каде што е сместена првата приватна библиотека на бабинчанецот Стево Степановски, „АЛ-БИ“, новинарите имаа средба со сопственикот и претставникот на навладината организација „Балканија“, Владо Србиновски. Тука, во етно собата, на импровизирана прес – конференција, новинарите беа запознати со книжниот фонд на библиотеката, како и проектите за заживување и враќање на животот во Бабино преку развојот на селскиот туризам. На крајот од посетата, во приквечерината, за сите новинари и сниматели, градоначалникот Ангелевски организира ручек во вилата „Горна Куќа“ каде што беа послужени со традиционални демирхисарски специјалитети. Целокупната организација на првиот „Ден за новинарите“ беше во режија на градоначалникот, а учествуваа новинари од Канал 5, Телма, Алфа, МТВ, Македонско радио, Тера, Дневник, Вест, Јавност, Инфо магазин, Его, Радио Сиднеј и магазинот за хумор и сатира, Без навреда. Под мотото „Не е вест кога градоначалникот му е гостин на новинарот, туку кога новинарот му е гостин на градоначалникот“, манифестацијата ќе биде традиционална, односно ќе се организира секоја година. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |