САЕМ ЗА ТУРИЗАМ PDF Печати
Вести
Saem_za_turizam-1

ОХРИД

17.01.2011

 

ДЕМИР ХИСАР НА САЕМ ЗА ТУРИЗАМ

На покана на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Туристичката комора на Македонија, Хотелско туристичката социјација на Македонија и Сојузот на стопански комори, општината Демир Хисар вчера, на првиот ден од отворањето, се претстави на  IV – от Саем за рецептивен туризам што се одржа во Охрид. Прифаќањето на поканата и учеството на оваа престижна саемска манифестација беше можност, преку две паралелни видео и компјутерски презентации,  на пошироката туристичка јавност да и се презентира дел од непроценливото природно и културно богатство на нашата општина. Едновремено, тоа беше  и привилегија да се биде дел од елитното друштво на познати домашни и странски туристички компании и само неколку општини од нашава земја. На саемот, покрај општината Демир Хисар, свои штандови имаа само уште Охрид, Струга, Битола, Делчево, Пехчево и Берово.

На вчерашниот ден од манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на општината г-н Тони Ангелевски кој беше гостин на неколку излагачи и оствари повеќе контакти со домашни и меѓународни туристички работници. Тој имаше средба и со пратеничката Лилјана Поповска со која што, покрај другото разговараа за долгорочни идеи за развој на селскиот туризам во нашата општина, со посебно внимание на проектот “Бабино – Балкански едукативен центар“.

Инаку покрај репрезентативниот рекламен материјал на општината и манастирите „Св. Јован Претеча“ и „Св. Атанасиј Александрински“ што им се делеше на посетителите на штандот, големо внимание кај посетителите и медиумите предизвикаа трите деирхисарски традиционални ноции  во кои беа облечени ученици од ООУ „Гоце Делчев“.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер