Јавни претпријатија и установи
ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ДИВОГРАДБИ |
![]() |
![]() |
Вести |
ЗАПОЧНА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ
Денеска официјално стартуваше примената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со што официјално започна легализацијата на дивоизградените објекти. Според одредбите од Законот, барањата за легализација ќе се поднесуваат во рок од шест месеци, односно до септември оваа година. Сопствениците на индивидуалните дивоградби за да добијат легитимен статус за објектот, ќе треба до општината да достават три документи и да платат по едно евро за квадрат односно, уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на струја или вода или сметки за платени јавни услуги и Геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на објектот со имотен лист. Доколку бесправниот објект нема приклучок на водовод или струја, ќе биде потребна изјава заверена на нотар која ќе биде дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправниот објект е изграден пред влегувањето во сила на овој закон. Што се однесува до бројот на бесправните објекти, и општината Демир Хисар изминатиов период не беше имуна на оваа појава. Според евиденцијата на општинскиот инспекторат, само во последниве 10 години регистрирани се околу 160 бесправно изградени објекти, претежно нови градби, станбени и деловни објекти. Во локалната самоуправа немаат попрецизни податоци за вкупниот број на бесправно изградени објекти бидејќи до 2000-та година, инспекцискиот надзор врз бесправните градби не бил во надлежност на локалната самоуправа. Но се претпоставува дека бројката надминува 300 дивоизградени објекти. Општината Демир Хисар подготвено ќе го дочека спроведувањето на одредбите од овој закон. Се прават подготовки за изработување на унифицирани барања за подносителите, а градоначалникот ќе формира посебна комисија која ќе врши увид и ќе ги обработува барањата на граѓаните. Според евиденцијата на Агенцијата за катастар на недвижности, во Република Македонија се регистрирани 310 илјади дивоградби, најмногу индивидуални куќи. |