Skip to content
Уреди ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Секогаш активни

Неопходни колачиња се потребни за да се овозможат основните карактеристики на оваа страница, како што се обезбедување безбедно најавување или прилагодување на вашите поставки за согласност. Овие колачиња не складираат никакви лични податоци за идентификација.

Нема колачиња за прикажување.

Функционалните колачиња помагаат во извршувањето на одредени функционалности како што се споделување на содржината на веб-страницата на платформите на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други функции од трети страни.

 

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за аналитика се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за метрика како што се бројот на посетители, стапката на отскокнување, изворот на сообраќај итн.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-страницата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

Нема колачиња за прикажување.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЗАВРШНА ФИНАЛНА ВЕЧЕР – VIII. ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, 2023

Спортската манифестација „Хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал‟, добива се поголем публицитет, а за тоа говори големиот број на присутни ширум регионот на годинашниот осми по ред, под генерално покровителство на градоначалникот, кој се комплетираше викендов во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар.

Резултати, финални натпревари

за трето место: АРМ – ЈКП „Комуналец‟ & ООУ „Браќа Миладиновци‟ 3:3 (2:0 пенали);

финале: ОВР Демир Хисар – ООУ „Гоце Делчев‟ 4:1.

1.ОВР Демир Хисар

2.ООУ „Гоце Делчев‟

3.АРМ

За најдобар играч на турнирот беше избран Александар Јанкуловски од екипата на ООУ „Гоце Делчев‟.

Градоначалникот Најдовски, упати честитки за најдобрите и освоените места, а меѓу другото и, ја поздрави одличната, фер и коректна игра од страна на сите учесници – екипи на овогодинешниот турнир и целокупната организација.

„Оваа спортска манифестација е од огромно значење за сите нас, бидејќи се помовира и негува спортскиот дух и сите заедно споделуваме радост и задоволство, но и поттикнуваме нови иницијативи и активности, како суштински настани за нашата општина‟, истакна Најдовски.

Екипата на ООУ „Гоце Делчев‟ за време на паузата од полувремето приредија изненадување кога свечено му врачија симболично пригодни поклони на нивниот колега Живко Јошевски, а по повод неговото пензионирање како просветен работник, честитајќи му ги пензионерските денови со искрени желби за добро здравје и долг и среќен пензионерски живот.

И оваа година, традиционално, обезбедените средства ќе бидат наменети во хуманитарни цели кои ќе бидат организирани во пресрет на големиот христијански празник, Велигден.