Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Uciliste_-_dvor-_1

12.09.2017

ВО „МИСИРКОВ“ СЕ УРЕДУВА ПОВРШИНА ЗА НАСТАВА ВО ПРИРОДА

Започнаа изведбените работи околу уредувањето на дел од дворната површина во средното училиште „Крсте Мисирков“ во Демир Хисар. Градежната оператива забрзано работи на реализација на проект што го финансира општината, а ќе се користи како простор за изведување на настава на отворено и за одржување на културно - забавни активности на учениците.
Објектот се гради во аголот што го формираат северното и западното училишно крило на зградата, од источната страна на главниот влез во училишната зграда.

Просторот што е предмет на уредување, досега беше со недефинирана содржина и неуреден. Со овој проект се ќе се изврши уредување и облагодродување така што, заради денивелацијата, покрај постојните, ќе се изградат нови потпорни ѕидови и ќе се изврши израмнување на површината. На новообликуваната површина ќе биде поставен тампон и ризла, а потоа врз оваа подлога ќе се постават бекатон плочки. По завршувањето на овој градежен зафат ќе биде поставена урбана опрема, односно клупи и жардењери.

Uciliste_-_dvor-_2

Според проектната вредност, целата инвестиција ќе чини околу 300.000 денари, пари што ги обезбеди Општина Демир Хисар од локалниот буџет, а се очекува да биде завршена најмногу за еден месец.

Uciliste_-_dvor-_3

 
ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
prvacinja_2017-1

04.09.2017

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

За демирхисарските основци и средношколци, денеска започна новата учебна година. Училишното ѕвонче, во трите централни и подрачните училишта, како и во средното општинско училиште го означи првиот училишен час.

Почетокот на новата училишна година највозбудливо го дочекаа демирхисарските првоодделенци кои на првиот час беа „почестени“ со пригодна програма што ја организираа ланските првоодделенци.

Во оваа учебна година најмногу првоодделенци се запишаа во централното училиште „Гоце Делчев“ - 54 од кои, дури 40 се во Демир Хисар, а останатите се во подрачните училишта.
Во „Браќа Миладиновци“ во Жван се запишаа 9, а во „Даме Груев“ Смилево - 3 првоодделенчиња. Односно, во целата општина, оваа учебна година во прво одделение се запишаа 66 првачиња.

И во средното училиште „Крсте Мисирков“ денеска одекна првиот училишен ѕвон. На него се „оѕваа“ 165 средношколси од сите наставни години во гимназија и настава за техничари за шумарство и пејсажна култура.


prvacinja_2017-2
Средното училиште новата учебна година ќе ја започне со 39 ученици во прва година.

По повод почетокот на новата учебна година, општински делегации предводени од градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Ѓоко Василевски и советникот Саше Темелковски, имаа средба со првоодделенчињата и им подарија пригодни комплети со училишен прибор.

Фотографии: Општина Демир Хисар




prvacinja_2017-3











prvacinja_2017-4
 
ЧЕСТВУВАЊА-2. СЕПТЕМВРИ PDF Печати
2.septemvri-1

01.09.2017

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО, ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА ЦВЕЌЕ

По повод 2. септември, денот на ослободувањето на општината Демир Хисар, денеска пред споменикот на демирхисарските револуционери се одржа пригодна свеченост. Најпрви градоначалникот на општината Љупчо Блажевски положи цвече, а потоа, во името на Советот на општината, цвеќе положи и секретарот Љупчо Блажевски. На церемонијата присуствуваа делегации на Општинакста организација на резервните офицери на Македонија (ОРОРМ) и Здружението на пензионерите ко, исто така се поклонија и пложија свежо цвеќе.

Свеченостите по повод одбележувањето на денот на ослободувањето ќе продолжат во недела кога ќе се одржи традиционалната спортско - рекреативна манифестација „Демирхисарска џип турнеја 2017“ на којашто се очекува да учествуваат околу 500  возачи на теренски возила, мотовиклисти, а од оваа година и околу 50 велосипедисти.

2.septemvri-4
2.septemvri-3
2.septemvri-2
 
ТУРИЗАМ PDF Печати
Dzip-5

03.09.2017

ВО ДЕМИР ХИСАР СЕ ОДРЖА НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА ЏИП ТУРНЕЈА

Лошото време не поколеба над 100 македонски возачи на „високотуражни“ теренски возила да учествуваат на 6. традиционална „Демирхисарска џип турнеја 2017“. Возејќи по 60. километарската траса што поминува низ најживописните природни предели на Демир Хисар, македонските џипџии отседнаа извесно време и во рударското окно на поранешниот рудник за железо каде што во екстремни услови ги демонстрираа несекојдевните возачки вештини и моќноста на „машините“.

- За Демир Хисар не можевме да смислиме пооригинална промоција и презентација. Лани ветивме, а оваа година остваривме – во Демир Хисар се одржа најголемото македонско „слободно возење“ со теренски моторни возила, мотоцикли и велосипеди... – од тоа ќе направиме голем и препознатлив бренд - изјави градоначалникот Љупчо Блажевски кој рече дека е особено одушевен и восхитен од импресиите од егзибиционото возење во поранешниот рудник.

Dzip-1

Dzip-2

 
МЛАДИ И СПОРТ PDF Печати
Off_road-4

2 септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар

31.08.2017

В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ШЕСТАТА ДЕМИРХИСАРСКА ЏИП ТУРНЕЈА

Околу 500 учесници од цела земја, се очекува в недела да пристигнат во Демир Хисар на традиционалната шеста демирхисарска „Џип турнеја“.

Најголемиот дел од нив или околу 150, ќе бидат возачи на теренски возила од сите категории, а прв пат оваа година, официјално ќе бидат вклучени 50 велосипедисти и 20ина мотоциклисти од сите градови на Македонија.

Стартот е закажан на градскиот плоштад во Демир Хисар кадешто во 08:00 часот е предвидена пригодна церемонија на којашто градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски ќе има пригодно поздравно обраќање и ќе биде извршена службена регистрација на сите учесници.

Off_road-1

Ова, покрај другото беше договорено на денешната коорднинација во кабинетот на градоначалникот Блажевски на којашто присуствуваа членовите на организациониот одбор од Здружението „Оф роад Демир Хисар“.

На состанокот, претседателот Гоце Трпчевски го информира градоначалникот Блажевски дека годинашната траса за возачите на теренски возила ќе биде долга 60 километри и, по стартот од плоштадот „8. септември’, ќе поминува низ Струговски езеро, крстосница за Лесково - Обедник - манастир „Св. Петар“ - Еврејка - Церово - крстосница под Вирово“ - Жван - рударско окно (околу 12:30), потоа, Сопотница и манастир Св. Атанасиј кај Сопотница.

- Кај рударското окно на поранешиот рударски коп, на специјално подготвена траса, ќе се се одржи демонстрација на вешто возење и совладување на препреки со теренски моротни возила. Оваа атракција се организира прв пат и предизвика големо внимание кај сите учесници - вели претседателот Трпечевски и дадава дека посебна привлечност и квалитет на годинашнава „турнеја“ предизвикуваат учеството на велосипедистите кои ќе возат по засебна траса и мотоциклистите коишто ќе бидат претходница на џип турнејата.

Off_road-2

Годинашната 6. по ред Демирхисарска џип турнеја се одржува во целосна организација на Здружението „Оф роад Демир Хисар“, а под покровителство на Општина Демир Хисар и со поддршка на голем број локални и регионални донатори и помагатели.

Џип турнејата се одржува по повод 2 септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар.

Off_road-3
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 3 од 177

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер