Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Знаменитости

Манифестации
Најпознати јавни манифестации кои се одржуваат во
 Општина Демир Хисар
  • 30 април-Годишнина од канонизацијата на „Свети Кипријан Слепчански“ во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар,
  • 2 – 7 мај – „Денови на Смилевскиот Конгрес“ с.Смилево,
  • 05 – 07 мај – Меѓународен симпозиум во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, преку демирхисарската летна школа,
  • 7 јули – Традиционално чествување на „Иванден“ во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче,
  • 12 јули – Именденско чевствување за Петре М. Андреевски
  • 2 август – „Илинден“ – прослава во с. Смилево
  • 10 август – Чествување во село Велмевци по повод годишнината од загинувањето на Јордан Пиперката,
  • 2 септември – Денот на Општина Демир Хисар-Ден на ослободување,
  • 08 септември – Ден на независноста-Празничен хепенинг во Демир Хисар,
  • 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба – чествување во с. Смилево,
  • 23  декември – Годишнина од смртта на Даме Груев – чествување во с. Смилево,
  • 31 декември – „Детски новогодишен хепенинг“ Демир Хисар.
Манифестации кои се одржуваат во Демир Хисар по населени места
 Населено местоМанифестација / ОписПериод на одржување
БрезовоБрезовски културни средби2 август
ВелмевциЧествување по повод годишнина од смртта на Јордан Пиперката10 август (1903)  
ВировоСаем на земјоделски производиСредина на октмоври
Големо ИлиноИлински средби, во дворот на манастирот „Св. Илија“2 август
 Именденско чествување за Петре М. Андреевски12 јули
Хуманитарен меѓу институционален турнир во мал фудбал, Демир Хисар,Март/април
Меѓународен ден на детската литература2 април
Традиционален велигденски базарНа Велигден
Велигденска фолклорна средбаНа Велигден
Рок хепенингпо 15-ти август
„ДЕТСКИ НОВОГОДИШЕН ХЕПЕНИНГ“31 декември
Ден на Општина Демир Хисар-Ден на ослободување2 септември
ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА – ПРАЗНИЧЕН ХЕПЕНИНГ8 септември
Меморијален турнир во мал фудбал „Валентин Стефановски”Ноември
Меморијален турнир во мал фудбал „Виктор Илиевски”Септември
РастојцаИлинденски срцекази2 август
        СлепчеПоетска манифестација Славко Крстевски, во рамките на манастирскиот комплекс „Св. Јован Претеча“, а во организација на Општина Демир Хисар и МКВтора половина на јуни
Демирхисарска летна школа, во рамките на манастирскиот комплекс „Св. Јован Претеча“7-14 јули
Чествување по повод годишнината од свети Кипријановата погибијаНа Велигден
Годишнина од формирањето на с. Слепче и од смртта на Цар Самоил6 октомври
Годишнина од канонизацијата на Свети Кипријан Слепчански во манастирот „Свети Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар30 април
Меѓународен симпозиум во манастирот „Свети Јован Претеча и почеток  на Демирхисарско културно лето5 – 7 мај
Традиционално чествување на „Иванден“во манастирот „Свети Јован Претеча“7 јули
Слоештица„Славење на пирејот“ во спомен на писателот Петре М. Андреевски28 август
Ликовна колонија “Art Point – Gumno”Септ/октомври
      СмилевоДенови на Смилевскиот конгрес2-7 мај
„Петровден“. Голем народен собир во Манастирот „Св. Петар“ по повод на верскиот празник Св. Петар и Павле12-13 јули
Илинден. – Прослава во с. Смилево. Марш во чест на Смилевските  илинденци, востанички ручек и панихида за Даме Груев2 август
Чествување во с. Смилево ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА23 октомври
СуводолМанастирско поетско ехо. Се одржува во дворот на манастирот „Пресвета. Богородица“25-30 август

Tуристички тури

Посета на религиски објекти со туристички тури:

  • Битола-Смилево-Демир Хисар-Слепче-Журче-Бабино-Битола;
  • Прилеп-Бучин-Демир Хисар-Журче-Бабино-Слепче-Смилево-Прилеп;
  • Кичево-Железник-Бабино-Журче-Смилево-Слепче;
  • Крушево-Журче-Бабино-Смилево-Слепче.

Посета на природни и антропогени објекти

  • Битола-Смилево-Демир Хисар –Железнец –Церско Поле-Бабино- Слоештица-Вирово-Сопотница-Слепче-Битола;
  • Прилеп-Бучин-Демир Хисар-Слепче-Слоештица/Вирово-Железнец- Церско Поле-Бабино-Крушево-Прилеп;
  • Кичево-Церско Поле-Железник-Бабино-Слоештица/Вирово-Смилево- Демир Хисар-Слепче–Кичево;
  • Крушево-Смилево-Демир Хисар-Слепче-Железник-Церско Поле-Бабино- Слоштица-Сопотница-Крушево)

Реализација на планинарски тури и тури за авантуристички туризам:

  • Планинарска тура започнува во село Цер-врв Кавчал-село Зашле-село Брезово-завршува во село Сопотница;
  • Планинарска тура започнува во село Големо Илино-превал Св.Илија-врв Вршник-врв Сталев Камен завршува во село  Слоештица;
  • Планинарска тура Слоештица-врв „Сталев Камен“-Смилево,
  • Планинарска патека село Големо Илино-има две патеки. Едната започнува од село Големо Илино и завршува на врвот Лиска и е во должина од 8,5 км. Другата поминува по стртот на Илинска Планина и од манастирскиот комплекс Свети Илија до целта а тоа врвот Лиска е во должина од 6 км,
  • Планинарска патека-„Плакенска планина на дланка“-започнува од село Слоештица, поминува покрај црквата „Пресвета Богородица“ манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“, преку Бела река и изворот Зајгазица-Чукалово чешмиче и завршува кај месноста викана Асанов извор. Од тука може да се продолжи до рудина каде може да се поврзе со патеките кои водат до врвот „Лиска“ на Илинска планина или на југ кон месноста Еврејка, преку Јаорец до манастирскиот комплекс „Свети Петар и Павле“-Смилево, Највиско врвови во тој потег се Дамев гроб 1962 мнв и Црви врв 1999 мнв. Денивелацијата е 824 м. Должината на патеката е 6.5 км,
  • Планинарска рекреатвина тура околу градот Демир Хисар-со старт од Плоштад  Демир Хисар-Тригонометар-Струговско езеро и завршува до Демир Хисар,
  • Планинарска тура село Базерник-мв Рудина-врв Сталев камен-мв Еврејка-село Вирово, со должина од 23 км,
  • Планинска рекреативна тура со почеток во село Мургашево-Наставна шума-Тригономоетар-манастир Св.Тома и завршува во село Мургашево, со вкупна должина од 8 км,
  • Велосипедска тура-Демир Хисар-село Големо Илино-манастир Св.Илија-врв Сталев камен-манастир Св.Петар и Павле Смилево-село Лесково-село Слепче, со должина од 90 км
  • Велосипедска тура: Демир Хисар-Прибилци-Растојца- Д.Дивјаци-Крушево- Демир Хисар,
  • Велосипедска тура: Сопотница-Вирово-Боиште-Смилево-Демир Хисар- Сопотница.
  • Велосипедска планинска тура: Илинска, Плакенска и Бигла планина. Стартот би бил од селото Големо Илино, преку манастирскиот комплекс „Свети Илија“, манастирскиот комплекс „Свети Петар и Павле“ Смилево и манастирскиот комплекс „Свети Јован Претеча“ Слепче. Патеката е со должина од околу 90 км,
  • Велосипедска планинска тура Еврејка-со старт во Демир Хисар-село Церово-мв Еврејка-манастир Св.Петар и Павле Смилево и завршува во Демир Хисар, со вкупна должина од 65 км.

Напомена:

Во врска со планинските тури-лице за контакт Александар Здравески  078 582 405, Планинарско друштво Бигла Демир Хисар

Во врска со велосипедските тури-лице за контакт-Васко Пупунчевски  078 579 679

Џип Турнеја

На оваа веќе традиционална спорстко-рекреативна манифестација учесвуваат голем број на вљубеници на OFF ROAD со различни теренски возила, како од земјава, така и од странство. Се вози на различни релации по падините на демирхисарските планини. Традиционално почетокот е од Градскиот плоштад „Осми септември“ во Демир Хисар, а завршува со заеднички ручек на учесниците.

Skip to content