In The Spotlight
More News
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ Вон опфат на Урбанистички план за Е1.8 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија - Среднонапонски електричен приклучен вод поставен на
дел од К.П. бр.5108, дел од К.П. бр.4009, дел од К.П. бр.4022, КО Сопотница и дел од К.П. бр.2067, КО Прибилци – Општина , Демир Хисар
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации во креирање на Буџетот на општината за 2023 година, отпочнуваме со организирање и спроведување на активности, а во кои ги покануваме и повикуваме јавно сите граѓани да се вклучат во процесот за донесување на Буџетот и во инкорпорацијата која е во рамките на буџетските програми.
Изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места
на општинската администрација во Општина Демир Хисар
- Согласност - Министерство за информатичко општество и администрација;
Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник ПСМ бр. 32/20) и член 129 од Статутот на Општина Демир Хисар (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр. 03/02), 04/05, 07/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 07/21) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Демир Хисар со број 17-1209/8 од 22.12.2021 година, градоначалникот на Општина Демир Хисар го дава следното:
.
Почитувани,
Од ЕВН Македонија е добиено известување дека на ден 27.09.2022 г. во период од 9.45 до 14.45 ч., без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од с.Кутретино, с.Суводол ,ТС АБ Солар 1 и ТС АБ Солар 2, Демир Хисар, Мургашево и Нова Населба.Прекините се заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
Во рамките на реализацијата на општинскиот проект за превенција од пороците на современото општество, градоначалникот на општината Тони Ангелевски обезбеди и донира нови фудбалски стативи за спортскиот подмладок на населбата Слепче. Иако првично беше планирано стативите да бидат поставени на спортското игралиште кај локалното училиште, по желба на младите Слепчанчиња, стативите беа поставени на големото Прчидоско фудбалско игралиште.
Поголема група млади се вклучија и помогнаа при поставувањето на стативите, а потоа на новите стативи се одигра ревијален фудбалски натпревар на кој што, како член на една од екипите, спортските способности ги демонстрира и градоначалникот Ангелевски.
За време на престојот во Слепче, градоначалникот Ангелевски се сретна и разговараше со жителите на населбата Слепче.
Во рамките на овој проект, до крајот на месецов, во неколку населени места низ општината Демир Хисар, градоначалникот ќе донира и 8 кошаркарски комплети.