Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ООУ Гоце Делчев – Демир Хисар

Општинското основно училиште “Гоце Делчев” Демир Хисар се состои од едно деветгодишно училиште со седиште во Демир Хисар и 6 петгодишни училишта во населбите: Суводол, Вардино, Света, Единаковци, Журче и Слепче. Реонот на опфат на училиштето ги опфаќа населените места: Демир Хисар, Стругово, Загориче, Утово, Кутретино, Суводол, Вардино, Света, Единаковци, Бараково, Граиште, Журче, Сладуево, Прибилци, Белче и Слепче.

 Зградата на Основното училиште е градена во текот на 1965/66, а со работа во неа е отпочнато на 01.02.1966 година. Лоцирана е во населбата Демир Хисар на ул.”Битолска” бб. Градена е наменски, добро е сочувана, функционална и ги задоволува потребите.  Училиштето располага со фискултурна сала со површина 195 m2 , кујна и трпезарија  која е адаптирана и реконструирана за кабинет по природни науки, библиотека и други помошни простории. Дворното место е оградено, хортикуларно уредено со зимзелени и други растенија, со патеки, клупи за седење летна училница, фонатана и вода за пиење.

На учениците на располагање им се мини спортски терен, мала спортска сала и повеќенаменското игралиште во кругот на ООУ „ Гоце Делчев “ Демир Хисар. Игралиштето е изградено на стариот спортски полигон со димензии 45mх28m, со асфалтен терен, жичена ограда, бекатонска патека, комплетно осветлување за спортување навечер, поставени се кошеви, стативи за мали спортови и клупи. Повеќенаменското игралиште создава услови за спортување и рекреација во повеќе спортски дисциплини: мал фудбал, кошарка, ракомет. Училиштето исто така располага и со Спортската сала “Јордан Пиперката” која е оддалечена 2km од зградата на основното училиште. Според бројот на паралелките училиштето спаѓа во трет степен на развиеност односно училиште со над 18 паралелки вклучувајќи ги и подрачните училишта.

КОНТАКТ
ул. Битолска бб.,
7240 Демир Хисар,
Тел.: (+389) 47 276 331,
web: https://gocedelcevdh.edu.mk/

Работно време: 07:00-15:00

Skip to content