Општина Демир Хисар континуирано се труди да го унапреди граѓанското учество на локално ниво, да воведе дигитална трансформација на општинските услуги, да ја подобри ефикасноста и да биде водечка општина во областа на транспарентност и отчетност. За остварување на таа цел Општина Демир Хисар се приклучи на семејството општини кои ја користат дигиталната платформа „мЗаедница“.

мЗаедница
Мобилно. Транспарентно. Ефикасно.
„мЗаедница“ е интерактивна дигитална платформа која се состои од мобилна и веб апликација за граѓаните и административен панел за општините. „мЗаедница“ им овозможува на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и да придонесат заеднички за подобра општина. Мобилната и веб апликација „мЗаедница“ го промовира концептот на мобилно учество (м-учество) им овозможува на корисниците преку користење на мобилнен телефон, таблет или комјутер да комуницираат директно со вработените во општинските сектори, да остваруваат права и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината.
Мобилната апликација „мЗаедница“ може да се преземе безплатно за корисниците на паметни телефони кои користат оперативни системи на Android и IOS, а веб апликацијата може да се корист на следниов линк https://www.mZaednica.mk.
„мЗаедница“ за граѓаните овозможува:
- Интерактивна двонасочна комуникација со општината
- Поднесување на пријави, проблем или предлог, до општината
- Преглед на сите пријави од страна на граѓаните
- Можност за поддржување и споделување на пријава од граѓанин
- Можност за коментар
- Поднесување на барање за субвенционирање
- Преглед на сите активни субвенции
- Преглед на објавени новости од општината
- Избор на теми од интерес за локални новости
- Поврзување со социјалните медиуми
Секој корисник на „мЗаедница“ потребно е да се регистрира и да креира сопствен профил, како индивидуа или како компанија, НВО, медиум или образовна институција. Целокупната активност на корисникот е прегледна во Мој профил кој е достапен само за корисникот. Пред користење на „мЗаедница“ ве молиме детално порчитајте ги Правила на користење и Политика на приватност.
