ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ТППЕ Демир Хисар

Основање

Територијална противпожарна единица Демир Хисар официјално започнала со работа на 10 јануари 1994 година.

Во тој период се среќаваат и како приправници, односно обавуваат пракса во ТППЕ Битола се до јануари 1995 година и тоа 8 вработени + командир.

ТППЕ Демир Хисар функционира под Министерството за внатрешни работи се до 2005 година, а од 13.9.2005 се наоѓа под единицата на Локалната самоуправа.

Структура

Во моментов ТППЕ Демир Хисар има 10 вработени.

Надлежности

Територијалната противпожарна единица Демир Хисар ги врши следните работи:

  • гаснење на пожари на подрачјето на Општина Демир Хисар;
  • отстранување на непосредната опасност за настанување на пожар;
  • спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот загрозени од пожари и експлозии;
  • укажување техничка помош при незгоди и опасни ситуации;
  • извршување на други работи при несреќи и непогоди.

Возен парк

ТППЕ Демир Хисар моментално располага со следниве возила:

  • камион “Фап” 13 од 1967 година;
  • навално возила “Ивеко” од 2015 година
  • “Лада нива” во неисправна состојба од 1989 година.


Адреса: ул.”29-ти Ноември” бб Демир Хисар

Телефони: 047 276 552

Командир на одделение: Цане Митревски

Skip to content