Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ООУ Даме Груев с. Смилево

Основното училиште ОУ „Даме Груев“ Смилево работи како воспитно – образовна институција од 1946 година со Решение добиено од собрание на општина Демир Хисар и утврден е реонот на опфат на ученици со што училиштето ги опфаќа населените места Смилево и Обедник. Располага со две училишни згради една во с. Смилево и една во подрачното во с. Обедник.

Во централното училиште во Смилево учат ученици од I до IX одделение наставата се изведува на македонски јазик. Во подрачното училиште во Обедник учат ученици  од I до V одделение наставата се изведува на македонски и на албански јазик.

Во централната зграда има 5 училници за изведување на редовна настава, еден кабинет по информатика, библиотека, спортска сала, 2 канцеларии и 4 помошни простории.

Наставниот кадар го сочинуваат наставници од одделенска и предметна настава, а стручната служба е составена од следните вработени: директор, психолог и библиотекар.

Адреса: ОУ „Даме Груев“ Смилево
Тел: 047 274 331
Електронска адреса: dameg@ymail.com
Веб страна: https://damegruevsmilevo.com/
Директор: Мирјана Кондинска
Тел : 070 775 507

Skip to content