ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Детска градинка Втори септември – Демир Хисар

Адреса: ЈОУД Детска градинка „Втори септември“ ул. Маршал Тито, бб, 7240 Демир Хисар
Телефон/факс: (+389) 276 141
E – mail: joudgvtoriseptemvri@yahoo.com
Директор, Андријана Цветковска

Историјат и општи информации

Детската граадинка во Демир Хисар е основана на 31.10.1978 година, со Одлука  na Општинската самоуправна заедница за општествена заштита на децата (ОСИЗ), со назив “Комбинирана детска установа“. Институцијата располага со објект од 1000 м2 и дворна површина  од 2000 м2.

Дејноста се извршува во 7 занимални со вкупна површина од 300 м2 наменети за детски јасли и градинка, сала за разновидни активности и други простории.

Дејност

Дејноста на детската градинка е, згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Истата се остварува преку згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско – рекреативни и културно – забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето, поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниот развој на детето до шестгодишна возраст, односно до вклучување во основното образование.

Глобални визии

Со оглед на значењето на предучилишното воспитание и образование, се наметнува потребата, во иднина, во општината Демир Хисар, секое дете да биде опфатено со некој вид предучилишно воспитание и образование. Можните решенија се гледаат низ неколку глобални визии на установата:

– целосно вложување и ангажирање на постојниот кадар и искористување на просторот;

– организирање на „патувачка“ градинка;

– организирање на алтернативни установи со полудневна програма;

– обука на родителите на деца во насока на позитивен став за значењето на образованието за сите деца;

– перманентно усовршување на воспитно – образовниот кадар итн.

Реализирани проекти

– промена на стандардите за работа со деца од 6 години;

– подобрена исхрана според прописите на Заводот за домаќинство;

– целосна замена на старите радиоактивни салонит табли со пластифицирана ламарина;

– набавка и замена на теписи и патеки во занимални, аудио, видео и бела техника, дидактички материјал, внатрешно осветление и др.

ГОДИШНИ ПРОГРАМИ И ИЗВЕШТАИ ЈОУДГ„Втори Септември“, Демир Хисар
Годишна програмата за работа на ЈОУДГ„Втори Септември“ Демир Хисар за 2024/2025 година
Годишен извештај за работата на ЈОУДГ ,,Втори Септември’’ – Демир Хисар за учебната 2023-2024 год.