Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Демографија

Општина Демир Хисар има 9497 жители во 41 населено место. Селото Лесково е целосно иселено. Во дваесет населени места бројот на жителите е под 100, а во дваесет населени места бројот на жителите е над 100.

Табеларен преглед на број на население по населени места според пописот во 2002 година

Табеларен преглед на структура на население според национална припадност

Табеларен преглед на структура на население според возраст

Табеларен преглед на полова структура на население

Табеларен преглед на структура на население според образование

Табеларен преглед на број на домаќинства во општината

Наталитет и миграција

Според пописот од 2002 година, просечната густина на населението е мала и изнесува 19,77 жители на еден км2

Миграционите движења (село – град) кои беа карактеристични на целата територија на Република Македонија, се случија и во овој регион. Големите напуштања на селата доведоа до тоа, селото Лесково да биде целосно иселено, а во повеќе села живеат мал број на жители, претежно стари лица.  Слична судбина на целосно иселување му се заканува и на с. Церово.

Миграцијата предизвика напуштање на големи површини обработливо земјиште, пасишта, ливади и шуми кои што, како економски потенцијал, останаа неискористени.

 

Број на население според попиите од 1994  и 2002 година

Skip to content