Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ОСУ Крсте Петков Мисирков – Демир Хисар

Историјат
Училиштето е основано во 1975 година како Училишен центар за средно образование.
Од основањето, па се до 1989 година, наставата се изведуваше во зградата на ОУ “Гоце Делчев” во Демир Хисар, а од 1989 година, наставата се реализира во нова, наменски изградена зграда која училиштето ја користи самостојно.
Со самиот развој на општеството и приликите во кои опстојува училиштето, се менувале повеќе струки и гимназиски насоки.

За повеќе од 35 години постоење и непрекинат развој на воспитно-образовниот процес, гимназијата прерасна во модерно училиште според сите европски стандарди.
Основна дејност
Основната дејност на училиштето е, организирање на воспитно-образовен процес, според наставните планови и програми од Бирото за развој на образованието на Република Македонија за Реформирано гимназиско образование , Стручно образование од Шумарско-дрвопреработувачка струка и Стручно образование Електротехничка струка.

За патронатот

Д-р Крсте Петков Мисирков бил роден во Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926 — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот XX век.

Контакт
Телефонски број
047/ 276 – 431
047/ 276 – 711
Емаил адреса: sou-krstepetkovmisirkov-demirhisar@schools.mk
Директорка – Маја Лозановска
Емаил адреса: majalozanovska@yahoo.com, ml5000219@schools.mk

web: https://kpmisirkov.edu.mk/

Skip to content