ДНЕВЕД РЕД ЗА 10-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Печати

23.5.2022


Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

За свикување 10-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 26.5.2022 година (четврток), со почеток во 9 часот во салата за состаноци во Домот на пензионерите, Демир Хисар

.

-Усвојување на записник од деветта седница на Совет на Oпштина Демир Хисар;

-Усвојување на записник од итна седница на Совет на Oпштина Демир Хисар одржана на 21.04.2022 година.

.

За седницата го предлагам следниот:

.

ДНЕВЕН  РЕД

.

1.Усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот за Oпштина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 31.03.2022 година.

2.Усвојување на Годишна сметка на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за период од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година.

3.Донесување на План за редовно одржување на општинските патишта на подрачјето на Oпштина Демир Хисар за 2022 година.

4.Усвојување на Извештај за извршено чистење на снег на општинските патишта и улици во Демир Хисар за сезона 2021/2022 година.

5.Донесување на Решение за именување на член претставник од локална самоуправа во Училишен одбор во СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар.

6.Донесување на Решение за разрешување и именување на претседател во Управен одбор во ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар.

7.Донесување на Одлука за поставување на легнати полицајци во Демир Хисар и во селата.

8.Формирање на Шинтерска служба во склоп на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар.

9.Разгледување на Извештај за досегашниот тек во спроведување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти.

10.Предлози и прашања

.

Бр.17-690/1                                                        Совет на Општина Демир Хисар
19.5.2022 година                                                             Претседател 
Демир Хисар                                                               Љупчо Најдовски с.р.