ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2025
Х РОК ХЕПЕНИНГ ДЕМИР ХИСАР 2025
Почитувани, со огромно задоволство ве информираме дека на 15.08.2025 година (петок) со почеток во 21 часот на Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи овогодинешното јубилејно десетто издание на Музичката манифестација РОК ХЕПЕНИНГ.
Оваа година на Демирхисарскиот Рок хепенинг ќе настапат: ѕвездите и легенди на македонската музичка сцена АРЕА, најпознатиот рок состав од Скопје ДЕЈ ОФ и домаќините REVELATION.
Ве очекуваме заедно да се дружиме, уживаме во добра и квалитетна музика и заеднички да го прославиме јубилејот – 10 години РОК ХЕПЕНИНГ Демир Хисар![]()
Музичката манифестација Х РОК ХЕПЕНИНГ ДЕМИР ХИСАР 2025 е во организација на Домот на културата “Илинден” Демир Хисар и е поддржана од Министерството за култура и туризам на РМ и Општина Демир Хисар





