ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

2-ри Август 2025 година – Илинден во Смилево

На 2-ри август во револуционерно и историско село Смилево се одржа традиционалната празнична манифестација “Илинден во Смилево”.

На овогодинешното празнично чествување, покрај организаторите Општина Демир Хисар и Градоначалникот Никола Најдовски присуствуваа Министерот за информатичко општество Стефан Андоновски, Заменик министерот за финансии Никола Јанкуловски, Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, претставници од кабинетот на Председателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, претставници на Советот на Општина Демир Хисар, претставници на Армијата на Република Македонија, претставници на јавни и локални установи, претставници на политичките партии, здруженија на граѓани и други гости.

Најпрво, делагациите положија цвеќе и се поклонија на спомен обележјата во Смилево, го посетија Музејот посветен на Смилевскиот конгрес, а после тоа присуствуваа на Централната манифестација која се одржа во Спомен паркот на Даме Груев над селото Смилево.

На Централната манифестација пред присутните се обратија Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски и Министерот за информатичко општество Стефан Андоновски, по што следуваше културно уметничка програма во која настапија КУД “Илинден” Демир Хисар и групата “Секвенца”.

Вечен да е споменот на Илинден!

За многу години да е празникот Илинден!

Вечна да ни е Македонија 🇲🇰