ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЈАВЕН ПОВИК-РОК ХЕПЕНИНГ

Јавен повик до угостителските фирми за закуп на простор за поставување на штандови на Музичка манифестација “Рок Хепенинг”.

Почитувани, во петок на 15.08.2025 година на Градскиот плоштад во Демир Хисар ќе се одржи 10-тото јубилејно издание на музичката манифестација “Рок хепенинг Демир Хисар 2025” на која учество ќе земат бендовите: АРЕА, ДЕЈ ОФ (Скопје) и РЕВЕЛЕЈШН (Демир Хисар). За подобра и поуспешна организација на Манифестацијата на Градскиот плоштад ќе бидат поставени штандови за продажба на храна и пијалоци. Заинтересираните угостители кои сакаат да закупат / постават штанд ги покануваме на договорен состанок кој ќе се одржи во Кабинетот на Градоначалникот на Општина Демир Хисар во среда (13.08) во 13:00 часот.