ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Изработен е граѓански буџет на Општина Демир Хисар

По усвојувањето на буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година од страна на советот на општината, изработен е граѓански буџет на Општина Демир Хисар.

Граѓанскиот буџет на Општина Демир Хисар преставува алатка која на едноставен начин го доближува општинскиот буџет до граѓаните, односно на кој начин се обезбедуваат средствата и на кој начин и за која потреба се трошат.

Буџетот на Општина Демир Хисар претставува годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, потребни за финансирање на надлежностите на општината.

Тој се состои од основен буџет, буџет на самофинансирачки активности, буџет на дотации и буџет на донации.

Извори на финансирање на буџетот на општината се сопствени извори на приходи, дотации и трансфери од буџетот на Републиката и се однесува на една

фискална година, односно од 1 јануари до 31 декември.

За 2025 година во буџетот на Општина Демир Хисар, приходната и расходната ставка изнесуваше 237,487,212.оо денари а за 2026 година изнесува 289,647,763.оо денари, што значи зголемување на приходната и на расходната ставка од 56,160,551.оо денар.

Граѓанскиот буџет на Општина Демир Хисар е достапен на следниов: ЛИНК