Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 9-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 28.05.2026 година (четврток) со почеток во 11 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
Записник од 8-ма седница на совет на општина Демир Хисар
Записник од Вонредна седница на совет на општина Демир Хисар одржана на 18.05.2026 година
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на буџетот за општина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година
- Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација за Горјанче Вељановски од с.Кутретино
- Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација за Пецо Велјановски од с.Кутретино
- Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација за Добре Велјановски од с.Кутретино
- Одлука за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко планска документација за Душан Велјановски од с.Кутретино
- Извештај за реализација на програмата за извршено чистење на снег на општинските патишта и улици во Демир Хисар за сезона 2025/2026 година
- План за работа на Комисијата за еднакви можности при Совет на Општина Демир Хисар за 2026 година
- Финансиски извештај за работењето на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период 01.01.2026 година до 31.03.2026 година
- Предлози и прашања
Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
| Бр.17-476/1 | Совет на Општина Демир Хисар |
| 20.05.2026 година | Претседател |
| Демир Хисар | Никола Дранговски с.р. |



