ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во Општина Демир Хисар

Граѓаните и посетителите од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi на следната локација:
– Oпштинска зграда Демир Хисар;
– Градски плоштад Демир Хисар.

WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital.

Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Северна Македонија и Западен Балкан. Нашата општина/град ќе биде една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.

Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска.

Со оваа поддршка, Општина Демир Хисар продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

#WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope

  • Категории