ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред 13 седница на совет, 25.09.2026 година – Петок

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 13-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 25.09.2026 година (петок) со почеток во 11   часот  во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

        Записник од 12-та седница на Совет на општина Демир Хисар

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Решение за разрешување Претседател на Комисија за проценка и утврдување на штети од природни непогоди и други несреќи
  2. Решение за разрешување на член на Комисија за проценка и утврдување на штети од природни непогоди и други несреќи
  3. Годишен извештај за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година
  4. Годишна програма за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар за учебната 2026/2027 година
  5. Согласност за формирање паралелки со помал број на ученици од 25  во СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар
  6. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.

Бр.17-876 /1Совет на Општина Демир Хисар
17.09.2026 годинаПретседател
Демир ХисарНикола Дранговски