ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

САЕМ ЗА ПЧЕЛАРСТВО И ПЧЕЛИНИ ПРОИЗВОДИ, ДЕМИР ХИСАР 2026 ГОДИНА

Општина Демир Хисар ги поканува граѓаните и сите љубители на пчеларството и природните производи да го посетат „Саемот за пчеларство и пчелни производи – Демир Хисар 2026“, кој ќе се одржи на 10 октомври 2026 година (сабота), со почеток во 10:30 часот, на Градскиот плоштад во Демир Хисар.
Саемот ќе биде можност на едно место да се претстават пчелари и производители од Демир Хисар и поширокиот регион, како и да се промовираат домашниот мед, пчелните производи и други традиционални и локални производи.


На посетителите ќе им бидат претставени различни видови мед и пчелни производи, а своите производи ќе ги изложат:

– Журечки Мед
– Кочишки Мед
– Брезовски Мед
– Базернички Мед
– Суводолски Мед
– Струговски Мед

Со свои производи ќе се представат:
– „Александра“ – со џемови, ајвар и други производи
– „Блаже од Кавадарци“ – со висококвалитетен маџун од Македонија.

Со своја културноуметничка програма настанот ќе го збогати КУД „Илинден“ – Демир Хисар.

Целта на оваа манифестација е промоција на пчеларството, домашното производство и локалните производители, како и поттикнување на интересот за квалитетните природни производи што ги нуди нашиот крај.
Саемот воедно претставува можност за непосредна средба на производителите со потрошувачите, размена на искуства и промоција на традиционалните вредности и производи.

10 октомври 2026 година – сабота
10:30 часот
Градски плоштад – Демир Хисар

Ги покануваме сите граѓани да бидат дел од „Саемот за пчеларство и пчелни производи – Демир Хисар 2026“, да ги посетат изложувачите, да се запознаат со нивните производи и со своето присуство да дадат поддршка на домашните и локалните производители.

Добредојдовте во Демир Хисар – да ги промовираме заедно домашното производство, пчеларството и богатството на нашиот крај!