Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24 ), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 16-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 30.11.2026 година (понеделник) со почеток во 9 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
Записник од 15-та седница на Совет на општина Демир Хисар
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година;
- Одлука за давање на користење просторија, сопственост на Општина Демир Хисар;
- Финансиски извештај за остварени резултати на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за период од 01.01.2026 до 30.09.2026 година;
- Ценовник со спецификација за зимско одржување на локални патишта во општина Демир Хисар 2026-2027 година;
- Одлука за прифаќање на пренос на вредност на дидактичка опрема и давање на трајно користење на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар;

- Предлози и прашања.
Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефон 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
| Бр.17- 1107/1 | Совет на Општина Демир Хисар |
| 23.11.2026 година | Претседател |
| Демир Хисар | Никола Дранговски |