Историјат
Домот на културата е формиран на 27.02.1960 год. Зградата на домот на културата свечено е предадена во употреба на 02.09.1987 год. и е градена со средства од граѓаните на општината. Во склоп на домот работи народната библиотека “Петре М. Андреевски”. Домот располага со корисна површина од околу 1200 m2 : концертна сала од 325 седишта, професионална сцена, фоаје, машки и женски гардероби и останати помошни простории кои се користат по разни основи во текот на работењето.
Дејности
БИБЛИОТЕЧНА ДЕЈНОСТ: Библиотеката “Петре М. Андреевски” располага со книжен фонд од над 40 000 книги, или со над 20 000 наслови кои се од сите жанрови и солидно ги задоволуваат потребите на читателите од општината Демир Хисар.
МУЗИЧКА ДЕЈНОСТ: Благодарение на Министерството за Култура, набавено е професионално музичко озвучување за потребите на домот со јачина од 4000W и вредност од над 300 000 денари.
Располагаме со сопствен оркестар и К.У.Д. “Илинден” кое брои околу 200 членови распоредени во три групи. Првата група има постигнато видни резултати во областа на презентација на македонскиот фолклор како во државата така и надвор од неа со учество на многу фестивали низ Европа. Во 2010 година е постигнат најголемиот успех во историјата на неговото постоење, поточно со учество на Интернационалниот Фестивал за Фолклор во градот Агрополи во Р. Италија во конкуренција од 16 држави во светот, го освои првото место или престижниот “Tрофеј на мирот”.
Благодарение на Министерството за култура и со апликација за финансирање во ЕЛЕМ, набавени се три нови комплетни носии за К.У.Д. “Илинден”.
СЦЕНСКО УМЕТНИЧКА ДЕЈНОСТ: Во склоп на домот на културата активно работи драмското студио.
Во склоп на Домот на културата работи и литературниот клуб “Изгрев” кој организира разни промоции и презентации од областа на литературно-издавачката дејност. Најкарактеристично да се напомене што во овој дел припаѓа е и традиционалната СРЕДБА НА РОДНОКРАЈНИТЕ ПИСАТЕЛИ од Демир Хисар.
Бравурозните фолклористи од КУД „Илинден“ во Агрополи, Р. Италија,по врачувањето на првата награда „Трофеј на мирот“ (2010 г.)