Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ДЕМИРХИСАРСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО И ДЕМИРХИСАРСКАТА ЛЕТНА ШКОЛА, 2022

Во манастирските двори на „Св. Јован Претеча‟, с. Слепче, денес, се одржа општонародна прослава по повод свеченото отворање на V. Демирхисарска летна школа, 2022 год., како прва активност од Демирхисарското културно лето, 2022 год., традиционално, на големиот православен празник Иванден – раѓањето на св. Јован Крстител.

Градоначалникот Никола Најдовски, имаше поздравно воведно обраќање со што и официјално беше отворена свечената централна церемонија, која, претставува високо етаблирана културна манифестација и едукативен настан во македонското општество и ширум светот, каде што постигнува грандиозен успех – а, достоинствено, величествено и возвишено се слави и празнува, а што значи и обезбедување на долгорочен бенефит за целокупното општество, општината и граѓаните.

„Ми причинува огромна чест и посебно задoволство што ми се укажува можност и прилика да Ве поздравам од ова свето место и да Ви го честитам големиот православен празник Иванден – патрон на Слепченскиот манастир кој, ширум ги отвора вратите, не само за сите православни верници, туку и за бројни научници од Македонија и од сите страни за кои Слепченскиот манастир како духовен, културен и уметнички центар на Балканот – е, непресушен извор и инспирација за голем број на истражувања. И, затоа, по однос на тоа, сакам уште еднаш да Ви изразам срдечна јавна благодарност и признание до сите кои посветено се заложивте во програмските активности и континуирано работите да овој исклучително важен и значаен културен настан под покровителство на Општина Демир Хисар и манастирот „Св. Јован Претеча‟ – Демирхисарската летна школа (о)стане најдобриот едукативен пример како младите луѓе треба да работат и на кој начин и во кој правец треба да се насочуваат.

Големиот број гости – посетители ги поздравија и проф. д-р Сашо Цветковски, научен раководител на Школата, дописен член на МАНУ и научен советник во Центарот за истражување на културното наследство при МАНУ и г. Петар, митрополит на Преспанско – Пелагониската Православна Епархија.

Градоначалникот Најдовски, воедно и, посака успешна реализација на сите предвидени активности на Демирхисарската летна школа, од страна на учесниците – студенти и нивните професори.

– Искрено, ме радува, тоа што, Општината повторно го презема патронството и организацискиот дел како поддржувач, помагател во програмските активностите, но и во улога како добар домаќин, заедно со манастирот „Св. Јован Претеча‟, с. Слепче. Промовирањето и афирмацијата за Општината како историско – културно место и туристички центар, и тоа како е значајна во овие исклучителни тешки времиња кога се соочуваме со светска економска криза. Културата е основата на секое општество, а ние како локална самоуправа и јас како градоначалник, се трудиме успешно да го вратиме сјајот на Општина Демир Хисар, повторно инспирирани и мотивирани заедно со Домот на културата „Илинден‟, несебично да ги поддржуваме културните настани и манифестации. Исто така, сакам да упатам и еден Јавен повик до сите граѓани за посетеност во работилниците во манастирот и Домот на културата. И, секако, во рамки на нашите законски, уставни и статутарни надлежности, ќе настојуваме да обезбедиме беспрекорна и широкоградна поддршка за овој проект кое од суштинско значење за сите нас, но, исто така и, поттикнуваме нови идеи за иновативни проекти, со цел развој на нашата општина, рече Најдовски.

Свечената програма беше збогатена со културно – уметнички перформанс, приреден од страна на КУД „Илинден“, оркестарот на друштвото и вокални извонредни изведувачи на стари изворни македонски песни.

На настанот, и оваа година, се спроведоа хуманитарни активности организирани од страна на ОО Црвен Крст, Демир Хисар и ЗД „Сончева Светлина“, Демир Хисар.

Skip to content