ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Одделение за финансиски прашања

Раководител: Влатко Станковски

Телефон/факс: (+389) (0)47 552 661

e-mail: stankovskiv@yahoo.com

НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО

ги врши работите кои се однесуваат  на буџетски календар во кој се утврдуваат рокови за извршување на буџетот; го изготвува  буџетот;
изготвува предлог за прераспределба на средствата помеѓу буџетските позиции;
-ја изготвува предлог годишната сметка на буџетот;
-изготвува годишни извештаи за средствата, побарувањата, изворите на средства, нивната вредност;
-извештај за реализација на инвестициони програми, за наменски, капитални и блок дотации;
-го реализира извршувањето на буџетот во утврдени рокови;
-подготвува анализи и квартални извештаи за извршување на буџетот;
-врши благајнички работи и други финансиски трансакции;
-врши работи на припрема на акти од сферата на даноците, таксите и надоместоците;
-врши задолжувања, наплата и евиденција на приходите од даноци , такси и надоместоци и други приходи како и
-други работи што ќе му бидат доверени од Советот и  Градоначалникот на општината  

ЛИСТА НА УСЛУГИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО: https://demirhisar.gov.mk/registar-na-uslugi/

ДАНОК НА ИМОТ

Предмет на оданочување

Данок на имот се плаќа на недвижен имот. Под поимот недвижен имот, во смисла на Законот за даноците на имот, се подразбира земјиште и тоа: земјоделско, градежно, шумско и пасишта. Понатака во недвижен имот спаѓаат згради и тоа: станбени згради или станови, деловни згради и деловни простории, администрагивни згради и администрагивни простории. згради и станови за одмор и рекреација и други градежни објекти, како и инсталации подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.

Кој е даночен обврзник?
Даночен обврзник за данок на имот е правно и физичко лице сопственик на недвижниот имот. Меѓутоа даночен обврзник е и корисникот на недвижниот имот доколку сопственикот не е познат или е недостапен, понатаму, корисникот на недвижен имот во сопственост на државата или општината, лицето кое по основ на плодоуживање се стекнало со тој имот како и лицата кои врз еден недвижен имот имаат право на сосопственост, се резбира секој сразмерно на неговиот дел во сопственоста.

Како се утврдува даночната основа?
Како што погоре е кажано, данок на имот се плаќа на недвижен имот. Се поставува прашањето како ќе ја утврдиме даночната основа? Даночна основа за утврдување на даноког на имот е пазарната вредност на недвижниог имот.  Пазарната вредност ја утврдува проценител  согласно критериумите пропишани во Методологијата за утврдување на пазарна вредност на недвижности.Покрај утврдената вредност од страна на проценител данокот на имот може да се утврди и врз основа на податоците во даночната пријава, деловни книги на обврзниците и други податоци со кои располага општинската администрација.Висината на данокот на имот се утврдува со решение донесено од страна на градоначалникот на општината. Ова решение треба да се донесе најдоцна до 31. март во годината за која се утврдува данокот на имот.

ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ, НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК

Предметот на оданочување со данок на промет на недвижности  и данок на наследство и подарок се утврдува согласно член 19 и член 10, даночниот обврзник  се утврдува согласно член 20 и член 11, а даночната основа се утврдува согласно  член 21 и член 13 од  Законот за даноците на имот ( Сл.  весник на РМ бр.61/04………151/21).

Стапката на данок на промет на недвижности изнесува 3%, а стапката на данок на наследство и подарок зависно од наследниот ред изнесува 3% и 5%.  

Пријавите за утврдување  на данок на промет на недвижности и данок на  наследство и подарок се поднесуваат до одделението за финансиски прашања.

Секој од примените предмети се обработува, се разгледува правниот основ и оние што подлежат на оданочување се доставуваат  до проценител. Проценителот  ја утврува пазарната вредност на недвижниот имот  врз основа на Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот и одлуките  …. донесени од страна на Советот на Општина Демир Хисар. .Доколку во текот на постапката е потребно проценителот врши и  увид  на лице место за да се утврди вредноста на недвижноста при што се составува записник. По утврдување на пазарната вредност проценителот  изготвува извештај за вредноста на недвижниот имот што е предмет на процена.Согласно  извештајот за проценка се изготвува решение за данок на промет на недвижност или наследство и подарок во зависност од правниот основ.

Предметите кои што не подлежат на оданочување се обработуваат, се изготвуваат решенија за ослободување, се потпишуваат и се носат на заверка. За предметите со изготвени  решенија за оданочување  странките се повикуваат да подигнат решение и да го платат данокот.По пристигнување на средствата на сметка на општината се заверуваат документите и истите странките можат да ги подигнат.

Решенијата за данок на промет на недвижност се изготвуваат во законски утврдениот рок од 10 дена од денот на  поднесување на прјавата, а решенијата за данок на наследство и подарок во законски утврдениот рок од 30 дена од денот на поднесување на пријавата.

 Незадоволната странка  против решението донесено од страна на градоначалникот  на општината може да поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од приемот на решението. 

Оваа  процедура  го  опфаќа движењето  на даночната  пријава  од поднесувањето (шалтер) до подигнувањето на документите со наша заверка.

На шалтерскиот дел започнува поднесувањето на потребните документи, списи за заверка на истите. Странката добива бројче и уште веднаш и се кажува дали треба да потпише записник во рок од една или две недели или ако заверката е со ослободување од данок истиот ден да си ги подигне документите. Примените предмети во текот на денот се делат и се доставуваат со книга на приемот до референтот.

Секој од примените предмети се обработува, се разгледува правниот основ и оние што подлежатна оданочување се препраќаат до администраторите на комисијата каде што се закажува увид на лице место да се процени недвижноста, а доколку за решавање на предметот има некои недостатоци (потребни докази што ги нема во пријавата) истите се сметаат за спорни и референтот ги повикува странките да ги отстранат недостатоците што се потребни за да може да се реши предметот т.е. да биде заверен од наша страна.

Комисијата ја утврдува пазарната вредност на недвижниот имот врз основа на Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот и тоа на лице место (на терен) и врз основа на утврдениот ценовник за градежно земјиште и според зони за макролокација кои се менуваат како што се менува пазарната вредност. Откако ќе ја извршат проценката со изготвени комплетни податоци составени во записниците што ги потпишуваат странките се предаваат на изготвување на решенија за задолжување со данок.

Предметите кои што не подлежат на оданочување се обработуваат, се изготвуваат решенија за ослободување, се потпишуваат и се носат на заверка. И предметите со изготвени записници се обработуваат, се изготвува решение за оданочување и странките се повикуваат да подигнат решение и да го платат данокот. Со оригиналните уплатници за уплатениот данок на промет, наследство или подарок им ги заверуваме документите и истите си ги земаат.

Откако ќе го подигне решението странката има право на жалба доколку е незадоволна од истото. Жалбата се поднесува на шалтер и започнува да тече жалбената постапка. Доколку комисијата утврди дека жалбата може да се решава во првостепениот орган (кај нас) тогаш со записник констатира и врши повторна проценка и се изготвува ново решение. Во колку првостепениот орган смета дека нашето решение е исправно, жалбата се препраќа до второстепена владина комиисија. Откако второстепената комисија ќе се изјасни со решение, го доставува до нас и се разгледуваат препораките од истото и се носи ново решение.

Оваа  процедура  го  опфаќа движењето  на даночната  пријава  од поднесувањето (шалтер) до подигнувањето на документите со наша заверка.

Skip to content