По повод одбележување на „НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО“, која, секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото „Детска недела“, градоначалникот Најдовски, ја посети Детската градинка „Втори Септември“, Демир Хисар ѝ им врачи пригодни поклони – креативни сликовници, а децата возвратија со искрени детски насмевки.
– Чувствувам големо задоволство, среќа и исполнетост што, изнудуваме искрени детски насмевки и радости кај нашите најмали сограѓани. Денес, по повод „Детската недела“, изразувам желби за среќно и безгрижно детство. Им посакувам добро здравје на нашите дечиња и на сите вработени во градинката и нивните семејства. Наш приоритет како локална самоуправа е грижата за младите генерации кои доаѓаат, бидејќи е најсуштинска за едно општество, истакна Најдовски.
Во рамки на денешното чествување се одржа и кратка презентација во организација на ООУ „Гоце Делчев“, односно од страна на ученици од нашето најголемо општинско основно училиште кои, секоја година, традиционално, со низа активности ја одбележуваат „Детската недела“. Главна мисија на презентацијата е децата и заштитата на нивни права, но и, генерално запознавање со човековите права и нивно доследно почитување.
– Преку овие едукативни настани и активности, испраќаме јасна и силна порака дека, одговорноста за децата е на целата општествена заедница, на сите нас. Наша обврска и наша задача е да ѝ им овозможиме на сите еднакви можности, затоа што сите деца имаат еднакви права и на сите треба им се даде неопходна и несебична поддршка, рече, меѓу другото, градоначалникот Најдовски.