Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 22. СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа („Сл.весник на Р.М” бр.5/02),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

За свикување на 22-ра седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 12.4.2023 година (среда), со почеток во 12 часот 

Во салата за состаноци во Домот на пензионери, Демир Хисар

.

-Усвојување на записник од 21-ва седница на Совет на Општина Демир Хисар;

-Усвојување на записник од Вонредна седница на Совет на Општина Демир Хисар од 28.03.2023 година.

За седницата го предлагам следниот:
.

ДНЕВЕН РЕД

.

1.Давање согласност за продолжување со одлагање на неопасен индустриски отпад по барање на АД „Железник“ од с.Сопотница.

2.Усвојување на Извештај за остварено право на паричен надомест за новородено дете во Општина Демир Хисар во 2022 година.

3.Усвојување на Извештај за остварено право на паричен надомест за склучен брак во Општина Демир Хисар во 2022 година.

4.Усвојување на Извештај за реализација на Програмата од областа на социјалната заштита во 2022 година.

5.Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на спорт и млади во 2022 година.

6.Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар за поддршка на здруженија и фондации во 2022 година.

7.Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2022 година на подрачјето на Општина Демир Хисар.

8.Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на здравствената заштита за 2022 година.

9.Усвојување на Извештај за реализација на Програмата за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2022 година.

10.Усвојување на Извештај за реализација на Годишна програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Демир Хисар за 2022 година.

11.Усвојување на Финансиски извештај за работењето на ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар за 2023 година за период од 1.1.2023-31.3.2023.

12.Донесување на Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „ДЕХИ ТРАНС“, Демир Хисар.

13.Донесување на Одлука за давање на трајно користење на движни ствари-возило во сопственост на Општина Демир Хисар, на ЈП „ДЕХИ ТРАНС“ од Демир Хисар.

14.Усвојување на Извештај за работа на Полициска станица од општа надлежност Демир Хисар во текот на 2022 година.

15.Донесување на Решение за разрешување и именување на член во УО на ЈЗУ „Здравствен дом“, Демир Хисар.

16.Предлози и прашања.

.

Бр.17-444/1                                                        Совет на Општина Демир Хисар

5.4.2023 година                                                             Претседател 

Демир Хисар                                                           Љупчо Најдовски с.р.

Skip to content