ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред за 23 седница на Совет на Општина Демир Хисар

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 23-та седница на Совет на Oпштина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 15.05.2023 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот во салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

– Усвојување на записник од 22-ра седница на Совет на општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на Квартален Извештај за извршување на Буџетот за Општина Демир Хисар за извештаен период за квартал од 01.01.2023 до 31.03.2023 година.

2. Измени и дополнување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2023 година (прв ребаланс).

3. Донесување на Одлука за измени на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2023 година.

4. Донесување на Одлука за доделување на договор за изведување на градежно-занатски работи за уредување на јавна површина на ул. Маршал Тито во Демир Хисар.

5. Донесување на Одлука за одобрување на приоритетен проект „Подобрување на квалитетот на животот во руралните средини во Општина Демир Хисар“.

6. Донесување на Одлука за кофинансирање на проект „Подобрување на квалитетот на животот во руралните средини во Општина Демир Хисар“.

7. Донесување на Одлука за основање на Локален економско-социјален совет на Општина Демир Хисар.

8. Донесување на План за редовно одржување на општинските патишта на подрачјето на Oпштина Демир Хисар за 2023 година.

9. Усвојување на Извештај за спроведување на оперативната програма за организирање и функционирање на Зимската служба на подрачјето на општина Демир Хисар за сезона 2022/2023 година.

10. Донесување на Одлука за изработка на Урбанистички план вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП бр.1705 во КО Журче, Oпштина Демир Хисар.

11. Донесување на Одлука за дополнување на Програмата за донесување на урбанистичките планови за Општина Демир Хисар за 2023 година.

12. Разгледување на безбедносната состојба во основните и средното училиште во Општина Демир Хисар.

13. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17-530/1
08.05.2023 година
Демир Хисар

Совет на општина Демир Хисар
Претседател
Љупчо Најдовски с.р.

Skip to content