ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“

Во пресрет на Новогодишните празници, градоначалникот Никола Најдовски, на сите дечиња од Детската градинка „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“, Демир Хисар, им подари 100 новогодишни пакетчиња.

– Секоја детска насмевка е вистинско богатство. Ви посакувам на сите дечиња бескрајна радост, среќа и безгрижно детство. Ви посакувам среќни новогодишни празници, со желби за добро здравје на вас и на вашите семејства, стои во честитката на градоначалникот.

Skip to content