МАНАСТИР СВЕТИ АТАНАСИЈ АЛЕКСАНДРИСКИ-ЖУРЧЕ
ЛОКАЦИЈА
Манастирскиот комплекс и црквата „Св. Атанасиј Александриски“ се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општината Демир Хисар, чиј што атар нашироко се допира со територијата на Општината Крушево, на северозападното возвишение на селото Журче. Селото Журче, од општинскиот центар Демир Хисар е оддалечено 10 километри. Селото е лоцирано веднаш на десната страна од регионалниот пат Демир Хисар – Крушево. До Манастирот води нов современ асфалтен пат. Комплексот е подигнат на падините на планинскиот масив.
ИСТОРИЈА
Првата манастирска црква е подигната во 1122 година. Овој податок e публикуван во генеалошкиот труд на Борис Дамевски Журче-деветстотони години словенска населба, a е потврден во 1935 година кога манастирскиот старешина во Белград вадел тапија за шумата што му припаѓа. Манастирот Журче е метох на Слепченскиот Манастир.
КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНА ДЕЈНОСТ
Во конаците на манастирот постоела и работела библиотека во која што свештениците пишувале, преведувале и создавале богослужбени дела. Библиотеката едновремено била и училиште каде што учеле ученици од селото Журче и околните села. Од некогашната библиотека, во манастирот се сочувани мал број ракописи и книги. Меѓу најстарите се Апостолски читанијаиздадена во Цариград во 1870 година и Минеј за месец октомври, издадена во Киев во 1891 година.
ФРЕСКОЖИВОПИС
Овој манастир има отворен живописан трем што многу ретко може да се види во другите манастири од овој период. Според текстот напишан во тремот, се гледа дека тој е зоографисан во 1622 година. На него се поставени ликовите на словенските светители Јован Рилски и Јаким Осоговски, како и илустрациите на календарските месеци со прикази на најкарактеристичните дејства во секој од месеците.
СЛАВИ НА МАНАСТИРОТ:
– 31 јануари
– 15 мај
ПОНУДА:
– Раскажување на историјата на Манастирот и дејностите и храмот кој
датира од 1121 година.
– Презентација на фрескоживописот од 1617 година.
– Издаваштвото на манастирот – преводи на книги со духовна литература
-Манастирски производи мед и други пчелини производи органски јаболков оцет и др.
КОНТАКТ: 071235586