– информативна вест
Почитувани,
Ви го најавуваме големиот музички настан кој е во рамки нa Демирхисарското културно лето, 2022, a со поддршка и организација на локалната самоуправа, 7. рок хепениг кој ќе се одржи на 11.8.2022 (четврток), на градскиот плоштад „8. Септември“, Демир Хисар, со почеток во 20:00 ч.
Како една од бројните традиционални културни манифестација, од година во година станува голем култен настан, што претставува и всушност, огромно задоволство за љубителите на добрата рок свирка.
На овогодинешниот рок хепенинг ќе настапат македонски популарни и познати рок групи, но, она што е новитет за оваа година, е тоа што, ќе настапи и рок група од Република Грција.
Настапуваат: