Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година, Програма за работно ангажирање – Јавни работи, Општина Демир Хисар, на ден 08.10.2024 година, објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програма за работно ангажирање – Јавни работи
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации во проект од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво да се пријават во Центарот за вработување Демир Хисар.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програма за работно ангажирање – Јавни работи ќе бидат работно ангажирани 30 работни дена при што за време на работниот ангажман статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество имаат сите невработени лица со ниски квалификации.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програма за работно ангажирање – Јавни работи се предвидува паричен надоместок во висина од 800 денари по работно ангажирано лице, дневно, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Потребен број на кандидати | Профил на кандидатите | Активности – работен ангажман |
15 лица | Евидентирани невработени лица со ниски квалификации | Активности од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво |
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програма за работно ангажирање – Јавни работи можат да поднесат во Центар за вработување Демир Хисар секој работен ден во периодот од 08.10.2024 година до 20.10.2024 година, од 08.00 до 15.00 часот.
Пристигнатите пријави по завршување на рокот нема да бидат земени во предвид.
Селекцијата на заинтересираните пријавени кандидати ќе биде извршена од Комисија формирана од страна на Градоначалникот на општина Демир Хисар со претставници од општинската администрација и Центарот за вработување Демир Хисар.
Доколку по завршување на рокот за пријавување не се пријават доволен број на кандидати од страна на Центарот на вработување, преостанатите позиции ќе бидат надополнети по пат на Посредување од Центарот за вработување Демир Хисар.
Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација за да можат да пополнат ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО за невработени лица и ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Демир Хисар, избраните кандидати и Центарот за вработување Демир Хисар.
08.10.2024 година | ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР |
Демир Хисар | Градоначалник |
Никола Најдовски |