Библиотеката „АЛ-БИ“, во село Бабино е најголема приватна библиотека не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. Бибилиотеката се наоѓа во селото Бабино, на девет километри од Демир Хисар, на два километри лево од магистралниот пат Сопотница- Демир Хисар, во пазувите на Плакенска планина каде се протега туристичко- рекреативниот центар Бабино, кој покрај со својот природен зелен рај ова село надалеку е веќе познато. Основана е и за прв пат се споменува уште во далечната 1882 година, а во 2004 година е регистрирана како прва приватна библиотека во чиј состав има амфитеатар и етнолошка поставка. Оваа библиотека располага со библиотечен фонд од над 20 000 наслови, а во неа се чуваат првиот отпечатен примерок на Националниот правопис, дел од првите изданија на класиците на светската книжевност, книги со неутврдена старост и место на печатење, ракописи на најзначајните национални изданија како што е оригиналот на „Волшебното самарче“ изданија на книги што се печатени во тираж помал од 200 примероци, забранувани и конфискувани книги, книги кои се одликуваат со своето техничко и естетско обликување итн. Нејзиниот сопственик Стево Степаноски вели дека во неговата библиотека првите книги биле донесени во далечната 1882 година и тоа од Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, а се печатени на персиски, старотурски, арапски јазик. Во библиотеката има 3500 членови, а членството е бесплатно, за што добивате специјален пасош за членство во татковината на книгата.
Локација: село Бабино, Општина Демир Хисар(Google Maps) |
Контакт лице: Стево Степановски, телефон:+389 (0)70 708 937 |
Работно време: (по потреба и на повик) |