И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
ВТОРА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА
ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на донесена програма за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2026 година, за спроведување на активност за превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Демир Хисар како општа противепидемиска мерка, се издава следново соопштение:
Ве известуваме дека на 14.07.2026 (втроник) ќе се спроведува ВТОРАТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Дезинсекцијата ќе се изведува теристички (од земја), во периодот од 18:00 часот, со УЛВ ладно запрашување од возила опремени со соодветна апаратура.
Возилото ќе биде означено со ротационо светло, заради безбедност и препознатливост.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени урбани населби на територијата на Општина Демир Хисар.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHIRENE со активна супстанца DELTAMETRIN.
Со оваа информација се известуваат и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции и други институции.
Се препорачува за време на прскањето:
• да се избегнува непотребно движење на отворен простор,
• да се затворат прозорците и вратите во домовите,
• да не се остава храна и облека на отворено,
• домашните миленици да се чуваат во затворен простор за време на третманот.
Се известуваат и пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Се замолуваат граѓаните за разбирање и соработка за успешно спроведување на активностите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Општина Демир Хисар



