Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување 49-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 20.06.2025 година (петок) со почеток во 12 часот во салата за состаноци во Домот на пензионерите Демир Хисар
-Усвојување на Записник од 48-ма седница на совет на Општина Демир Хисар
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Донесување на Одлука за доделување на финансиски средства на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар.
- Донесување на Програма за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Демир Хисар за 2025 година.
- Донесување на Одлука за измена на Одлуката за утврдување висината на комуналните такси бр.17-257/5 од 14.03.2018.
- Донесување на Решение за именување член во Управен одбор на ЈУ „Центар за социјална работа“ Демир Хисар
- Усвојување на Финансиски извештај на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за период од 01.01.2025 до 31.03.2025 година.
- Донесување на Одлука за давање согласност на измена на Годишен план за вработување за 2025 година во ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
- Донесување на Одлука за давање согласност Годишен план за вработување за 2026 година во ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
- Донесување на Одлука за спроведување постапка за запишување во катастарот на недвижности општинскиот пат Суводло-Манастир „Св.Богородица“.
- Предлози и прашања.
Ве молиме за задолжително присуство,а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на советот на телефон 077-937-362.
| Бр.17-691/1 | Совет на Oпштина Демир Хисар |
| 13.06.2025 година | Претседател |
| Демир Хисар | Љупчо Најдовски |




