ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 52-РA СЕДНИЦА НА СОВЕТ, 27.08.2025 ГОДИНА

Врз основа на член 53  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 52-ра седница на  Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на   27.08.2025 година ( среда ) со почеток во   11 часот во салата за состаноци во Домот на пензионерите Демир Хисар

-Усвојување на Записник од 51-вата седница на совет на Општина Демир Хисар

-Усвојување на Записник од вонредна седница на совет на општина Демир Хисар одржана на 05.08.2025 година

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Донесување на Оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Демир Хисар за сезона 2025/2026 година.
  2. Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“  Демир Хисар за учебната 2024/2025 година
  3. Усвојување на Годишна програма за рабpота на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
  4. Давање согласност за користење на две простории од ЈОУДГ ,,Втори Септември” Демир Хисар за изведување на настава во прво одделение за учебната 2025/2026 за потребите на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар.
  5. Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
  6. Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван Општина Демир Хисар за учебната 2023/2024 година.
  7. Усвојување на Годишена програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван Општина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
  8. Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван Општина Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  9. Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Oпштина Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  10. Усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Oпштина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
  11. Давање Согласност за работа на паралелки со помал број на ученици во ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Општина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година
  12. Донесување на Одлука за ставање во мирување на паралелка во одделенска настава во подрачното Училиште во с.Обедник на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Oпштина Демир Хисар.
  13. Усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  14. Усвојување на Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025/2026 година.
  15. Давање согласност на Годишен план за вработување за 2026 година за ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар.
  16. Донесување на Одлука за давање согласност на Одлуката за работно време во ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025/2026 година.
  17. Донесување на Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемен односно намален број на деца организирани во групи во ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025/2026 година.
  18. Усвојување на Финансиски извештај на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за период од 01.012025 до 30.06.2025 година.
  19. Донесување на Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2026 година за ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар.
  20. Усвојување на Финансиски извештај на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година.
  21. Предлози и прашања

Напомена: Бидејќи имаме проблем со копирање односно копирот е вон употреба дел од седничкиот материјал ќе ви биде доставен во електронска форма на вашата e-mail адреса. Ви благодариме на разбирањето.

Ве молиме за задолжително присуство, а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на советот на телефон 077-937-362.

Бр.17- 900/1Совет на Oпштина Демир Хисар
19.08.2025 годинаПретседател
Демир ХисарЉупчо Најдовски