Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24 ), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 7-ма седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 13.03.2026 година (петок) со почеток во 10 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
-Усвојување Записник од 5-та седница на Совет на општина Демир Хисар
-Усвојување Записник од 6-та седница на Совет на општина Демир Хисар
-Усвојување Записник од вонредна седница на Совет на општина Демир Хисар одржана на 24.02.2026 година (1-ва)
-Усвојување Записник од вонредна седница на Совет на општина Демир Хисар одржана на 24.02.2026 година (2-ра)
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на буџетот за општина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2025 година до 31.12.2025 година.
- Завршна сметка на Буџетот на општина Демир Хисар за 2025 година.
- Годишен извештај за реализација на Буџетот на општина Демир Хисар за 2025 година.
- Одлука за измена на одлуката за извршување на буџетот на општина Демир Хисар за 2026 година.
- Одлука за усвојување на извештајот за извршениот годишен попис на средства, побарувања и обврски во општина Демир Хисар со состојба на ден 31.12.2025 година.
- Одлука за формирање и сместување на Младински центар во Општина Демир Хисар.
- Извештај за остварено право на паричен надомест за новородено дете во Општина Демир Хисар во 2025 година.
- Извештај за остварување на право на еднократна парична помош на семејства кои имаат запишано прваче во учебната 2025/2026 година во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Демир Хисар.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на социјалната заштита во 2025 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активности на Општина Демир Хисар во областа на спорт и млади во 2025 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар за поддршка на здруженија и фондации во 2025 година.
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Демир Хисар во областа на здравствената заштита за 2025 година.
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2025 година на подрачјето на Општина Демир Хисар.
- Извештај за реализација на Програмата за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2025 година.
- Завршна сметка на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за 2025 година.
- Извештај за работа за 2025 година на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
- Годишен извештај за извршените работи на одржување на јавна чистота во Општина Демир Хисарт за 2025 година на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
- Предлог Одлука за утврдување на цени на услугите на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
- Завршна сметка на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за 2025 година.
- Извештај за работата на Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар за 2025 година.
- Годишен извештај за реализација и преглед на исплатени средства по проекти и намени, како и спецификации на трошоците за плата и комунални услуги по месеци од блок-дотацијата за 2025 година на Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар.
- Предлог План за работа на Дом на култура „Илинден“ Демир Хисар за 2026 година.
- Информација за статусот на недвижниот имот сопственост на општина Демир Хисар.
- Решение за формирање Комисија за унапредување на правата на пациентите.
- Решение за именување на член во Статутарно правна комисија.
- Предлози и прашања.
Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
| Бр.17- 266/1 | Совет на Општина Демир Хисар |
| 04.03.2026 година | Претседател |
| Демир Хисар | Никола Дранговски с.р. |




