По пауза од повеќе од две децении КУД “Илинден” Демир Хисар зеде учество на овогодинешното 55-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” во Битола.
На главната сцена пред Офицерскиот дом во Битола, КУД “Илинден” Демир Хисар се претстави со сценската адаптација “Горноселски велигденски собор” во која беа вклучени ората “Повраќано”, “Старо зарамечко” и “Циганчица” надополнети со велигденската вокална игра “Зет и невеста”.
На сцената на плоштадот “Магнолија” на манифестацијата “Ехо од Дамарите” нашите членови Ангел Петковски и Мартин Дојчиновски пак се претставија со песната “Девојче бело црвено”.









































