Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕ PDF Печати
2

За 480 основци што ги опфаќа централното основно училиште „Гоце Делчев“, денеска започна новата учебна година. Денес е денот што многу дечиња ќе го паметат како најубав и најинтересен долго време. На училишното ѕвонче најмногу му се радуваа токму тие – првоодделенците и нивните родители. Годинава во прво одделение се запишаа 50 првачиња, од кои 29 во централното, а останатите 21, во подрачните училишта. Во централното училиште наставата ќе биде организирана во две паралелки. Наставата во таканаречена „чиста“ првоодделенска паралелка ќе се изведува и во подрачното училиште Суводол – Кутретина, а во останатите поради малиот број деца, наставата ќе се изведува комбинирано.

Повеќе...
 
ВЕЛИЧЕСТВЕНО „СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ“ PDF Печати
ART-POINT-1

29.08.2011

Слоештица

Режисери, актери, филмски работници, ликовни уметници,скулптори од странство,  писатели, поети, музичари и фолклористи два дена беа гости на подилинското живописно село Слоештица, родното место на бардот на македонската ппоезија и проза, Петре М. Андреевски, а во рамките на манифестацијата „Славење на Пирејот“.

Повеќе...
 
5 ГОДИНИ СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ PDF Печати
Plakat-SLAVENJEnaPIREJOT

              Јубилејната манифестација СЛАВЕЊЕ НА ПИРЕЈОТ, која се одржува во чест на великанот на македонската литература Петре М. Андреевски и на вековитоста на македонскиот народ, годинава со богата дводневна културно-уметничка програма, на 27ми и 28ми  август (сабота и недела).

Повеќе...
 
КООРДИНАЦИЈА КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ PDF Печати
HPIM5856

25.08.2011

На покана на заменикот на градоначалникот, советникот Кире Димовски, во кабинетот на градоначалникот се одржа координативен состанок со претстаници на сите јавни претпријатија, установи и други јавни институции. Предмет на разговор беше претстојното одбележување на Втори септември, Денот на општината,  и Осми септември, денот на независноста.

Повеќе...
 
ДЕМИРХИСАРЦИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА PDF Печати

Komisija-1За разлика од некои општини каде што интересот за отпочнување на постапка за легализација на бесправно изградени објекти се уште не ги дава очекуваните резултати, на десетина дена пред крајниот рок, во Демир Хисар не стивнува големиот интерес.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 271 272 273 274 275 276 277 278 279 Следно > Крај >>

Страница 273 од 279

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер