ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Изложба на фотографии “Златниот антички наод од с.Тремник, Неготино”

🌞 Демирхисарско културно лето 2025

✴️Изложба на фотографии “Златниот антички наод од с.Тремник, Неготино”

🗓️ 04.07.2025 (петок)

⏰ 20:00 часот

📍 Фоаје на Дом на културата “Илинден” Демир Хисар

Почитувани, ве покануваме на Отворањето на изложбата на фотографии “Златниот антички наод од с.Тремник, Неготино” кое е закажано за овој петок (04.07) во 20 часот.

На фотографиите на изложбата можат да се видат најзначајните археолошки и исклучително вредни златни предмети, како извонредно културно богатство кои доволно говорат каква тежина има оваа изложба, кои што завземаат значајно место во археологјата, не само во Македонија туку и во светски рамки.

Ексклузивниот златен комплет како збирен наод кој датира од IV-III век п.н.е. и е пронајден на археолошкиот локалитет “Орманков гроб“ с.Тремник, Неготино, претставува еден од најзначајните и најрепрезентативните наоди од овој вид од времето на почетоците на македонско-хеленистичкиот период на територијата на Република Македонија.

Целта на оваа изложба е да се промовира богатото археолошко и културно – историско наследство и богатство со кое располага Македонија.

Изложбата е во соработка со Музејот на град Неготино.