Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЈАВЕН ПОВИК – Општина Демир Хисар

.

Почитувани,

.

Ве покануваме да присуствувате на свеченото отворање на

научно – едукативната „Демирхисарска летна школа, 2022 година“, 5та по ред оваа година, која повторно се враќа под покровителство на Општина Демир Хисар и ќе се одржи од 7. до 12. јули.

Свеченото отворање традиционално ќе биде организирано во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, на 7. јули (четврток), на големиот православен празник, раѓањето на свети Јован Претеча – Иванден.
.

ПРОГРАМСКИ ДЕЛ – 7.7.2022 година (четврток):

.

7.00 часот, Света архиерејска литургија.

.

11.00 часот, СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ДЕМИРХИСАРСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО И ДЕМИРХИСАРСКАТА ЛЕТНА ШКОЛА 2022.

.

Поздравни обраќања:

– Никола Најдовски, градоначалник на Општина Демир Хисар;

– проф. д-р Сашо Цветковски, научен раководител на Школата;

– митрополит Преспанско – Пелагониски г. Петар;

– уметничка програма со КУД „Илинден“, Демир Хисар.

.

.

Демирхисарската летна школа концепциски претставува едукативно – научна и културна манифестација која во себе обединува пет работни секции, археологија, историја, архитектура, историја на уметност и теологија. Активностите на школата се насочени кон истражување, проучување, промовирање и афирмирање на културно – историските традиции и вредности на Демирхисарско.

Skip to content