ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Јавен повик за субвенционирање семејства за запишан средношколец во прва година гимназиско образование во учебната 2026/2027 година

Во тек е повикот за аплицирање за субвенција од 10.000 денари за секој новозапишан ученик во гимназиско образование во СОУ „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар.

За остварување на правото на субвенционирање на семејствата кои имаат ученик запишан во прва година, се поднесува Барање до Општина Демир Хисар, во период од 01.09.2026 година до 10.09.2026 година.

Барањето за остварување на еднократна помош за средношколец, може да се поднесе со писмено пополнување и поднесување на барање во Општина Дмир Хисар;

Непополнето барање е прикачено на официјалната веб страна на општината и може да се симне на следниот ЛИНК WORD, ЛИНК PDF.

Документи кои треба да се достават во прилог на барањето се:

  • Потврда за запишан ученик во прва година за прв пат, во учебната 2026/2027 година издадена и заверена од Средното општинско училиште „Крсте П. Мисирков” Демир Хисар;
  • Фотокопија од важечки лични карти или патни исправи од родителите/старателите на ученикот;
  • Фотокопија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите.
ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАРНикола Најдовски, Градоначалник