Основното училиште “Браќа Миладиновци” се наоѓа во село Жван, на магистралниот пат кој ги поврзува општините Демир Хисар и Кичево.
Училиштето има една централна зграда во која учат ученици од VI до IX одделение и каде се реализира предметна настава. Училиштето располага и со подрачни училишта во селата Жван, Сопотница и Доленци каде што учат ученици од I до V одделение во одделенска настава.
Централната зграда располага со 4 училници за изведување на редовна настава, една училишна библиотека, кабинет по информатика, креативен центар за драмска секција и активности по музичко образование, спортска сала и игралиште и кабинет за работа со деца кои имаат посебни образовни потреби. Наставата се изведува на македонски јазик во една смена. Наставниот кадар го сочинуваат наставници од одделенска и предметна настава, а стручната служба е составена од следните вработени: директор, секретар, благајник, психолог, дефектолог и библиотекар. Техничката служба е составена од хигиеничари во централната зграда и во подрачните училишта. Училиштето е основано во далечната 1961 година, а со изведување настава започнало на 1-ви септември, една година подоцна. Во него учеле ученици кои денес се и познати имиња во светот на македонската книжевност: Петре М. Андреевски, Раде Силјан, Божин Павловски, Горјан Петревски и други.
Директор: Николче Крстевски |
Контакт тел. 071 235 983 |
Електронска адреса: brakamiladinovcizvan@yahoo.com |
Веб страна: https://brakamiladinovcizvan.com/ |