ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Куќа во село Вирово

 

Планинската куќа се наоѓа во село Вирово, општина Демир Хисар. Во куќата има една соба која е средена за престој на гости.

Куќата е опремена со два кревети, маса, столици, кауч, наткасни и светилки, мини фрижидер со електрично ѓезве, шкаф, фиоки, надворешно постоље со закачалки, на прозорецот има мрежа против комарци.

Купатилото  за гости не е во собата, туку до собата, ама е наменето само за гостите. Има туш, мијалник, ве-це шоља, и подно греење, пешкири, течни шампони, течен сапун.

 Кујната е долу, каде е местото за јадење и дневен престој, пушење цигари, и гледање ТВ. Гостите по потреба може да ја користат: има шпорет, миксер, блендер, замрзнувач, микро печка.

Куќата има Wi-Fi и Netflix.

Пред куќата има паркинг простор за една кола, а во близина на објектот има место за повеќе автомобили.

Максималниот капацитет е 2+1, со можност за дополнително барање за престој на лица во втората спална соба.

Вилата се наоѓа во планинска област, на 840 метри надморска височина.

Куќата е на сред село.

Check in: Флексибилно
Chekch out: Флексибилно

Клучот се подига од домаќините на вилата. Вилата има простор за оставање на велосипеди.

Доколку гостите останат повеќе од 7 дена пешкирите и постелнините се менуваат.

За престој над три дена, следува 20% попуст, односно 560 денари по човек. По договор и барање може да има и појадок или вечера (јадење, салата, десерт), за што се доплаќа. 

Контакт за резервации: 070 637 468

Локација: село Вирово (Google Maps)

 

Skip to content