СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР (2021 – 2025)
АЦЕ ЈАНКУЛОВСКИ – ВМРО – ДПМНЕ
МАРИНА ДИМИТРИЈОВСКА – СДСМ
САНДРА ПЕЈКОВСКА – ВМР0 – ДПМНЕ
САШО МИХАЈЛОВСКИ – СДСМ
ВАЛЕНТИН НЕСТОРОВСКИ – ПОДЕМ
ДАНИЕЛА ДАВИДЕВСКА – СДСМ
ФИЛИП АНГЕЛЕВСКИ – ВМРО – ДПМНЕ
ЈОРДАН КРОМИДАРОВСКИ – СДСМ
ЉУПЧО НАЈДОВСКИ – ЛДП И ДОМ (ПРЕТСЕДАТЕЛ)
МАГДАЛЕНА ВЕЛЈАНОВСКА – ВМРО – ДПМНЕ
ЈАСМИНА ЈОВАНОВСКА – НСДП
Надоместоците за членовите на Советот на Општина Демир Хисар се пресметуваат: 40% од просечната плата по работник во државата за претходната година, освен за Претседателот на Советот кој има додаток за подготовка на седниците, кој изнесува дополнителни 30% во однос на членовите на Советот. Во Општина Демир Хисар за декември 2023 година нето надоместокот за Претседателот изнесуваше 16.567 денари а за член на Советот 12.744 денари.
Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Бројот на членовите на советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во општината и не може да биде помал од девет ниту поголем од 33 члена. Соодветно на бројот на жителите, Советот на општината Демир Хисар го сочинуваат 11 советници. Членовите на советот се избираат за време од четири години.
Членовите на советот ги претставуваат граѓаните и во советот одлучуваат по свое уверување.
Членот на советот не може да биде отповикан.
Со Советот на општината раководи претседател.
Претседателот на советот се избира од редот на членовите на советот, со мандат од четири години.
За претседател на советот е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број членови на советот.
За разгледување на прашања од своја надлежност, Советот формира комисии. Комисиите на Советот се формираат како постојани и повремени.
Постојани комисии на Советот се:
- Комисија за финансии и буџет;
- Комисија за јавни и комунални дејности;
- Комисија за Урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина;
- Комисија за општествени дејности;
- Комисија за месна самоуправа;
- Комисија за одбележување на празници, манифестации и доделување признанија и награди;
- Комисија за мандатни прашања, избори и именување;
- Статутарно правна комисија.